Saturday, February 11, 2012

ТИРАЖНОСТА СПОРЕД BILLBOARD


Тиражноста е единствениот показател, кој колку во даден миг е популарен ( што не е еквивалент на квалитетен), се разбира не исклучувајки ги и концертните влезници, како втор столб во мерилото на популарноста ( но за тоа во следниот пост). Nielsen Soundscan е компанија која од 1991 ја регистрира тиражноста во САД на најпрецизен начин, според бар кодот на производот, но во новата ера на даунлодирање тоа го прави електронски при секоја продажба на производот која автоматски е регистрирана.Радио емитувањето е еден од сегментите на вреднувањето на популарноста, но не и најмеродавен, бидејки во основа е субјективен, зависно од вкусот на поединци како креатори на плеј листите во радио станиците, но во секој случај, влијателна ставка. Кога се набљудуваат придажните резултати за одредени периоди, нештата стануваат многу поинтересни од голите бројки, како факти.Еве например последниот извештај ( со важност на завршниот дел на тиражната недела 05.02.2012 но да не се заборави дека американската Топ листа има дата една недела НАПРЕД ( новата е за 18.02.2012), а тиражно објавената е дата наназад.Заради практични причини, ама и заради американската будалштина да ја усложнат работата за да после истата и самите себе мораат да си ја толкуваат.Нејсе, еве ги тиражните резултати за неделата 29.01-05.02.2012), но со една недела напред, тоа би било 12.02.2012!

Албуми дигитални албуми  синглови  (песни)
Оваа недела 5,813.000 2.063.000 26.386.000  
Минатата недела 5.392.000 2,141.000 25.980.000

Оваа недела 2011     5.500.000              1,736.000                       24,609.000


до сега 2012         27,159.000                                                   141,577.000
до сега 2011                26,340.000                                                   132,936.000

cd синглови
(до овој период) 2011  249.000      
(до овој период) 2012  241.000

ДОСЕГА АЛБУМИ 2011 2012
CD       16.804.000 15,927.000  -5.2%
Дигитални 9.921.000 10.854.000 +17.7%
винил    310.000      371.000 +19%


Најзачудувачки е постојаниот раст на винилни албуми (60.000 што е респектабилна бројка на раст во однос на истиот период минатата година ) и постојаниот пад на физички (CD ) албуми.Но погледнете колку многу синглови се продаваат неделно ( во просек 25 милиони ), досега веќе 142 милиони ( по еден долар, па сметајте ). Во ставката АЛБУМИ, се мисли на албуми вкупно, од која бројка се одземаат дигиталните за да се добие тиражот на физичките, класични це-де-а. Доколку севкупната бројка на синглови се подели со десет, резултатот е број на евентуални дигитални албуми.Сиот живот се занимавам со американската и англиската топ листа и постојано пронаоѓам нешта за кое треба да пронајдам и толкување. Ништо чудно, во Billboard има оддел на стручни лица, толкувачи на законите по кои функционираат топ листите. Најголемиот број од вработените во Billboard не ги познаваат овие закономерности. Или ги има многу, или се толку сложени.
Ама, интересни се. Барем мене.

No comments:

Post a Comment