И
бидна! Голем собир со проценки од 50 -70.000 луѓе. Колку и да ги имало, имало
многу. Ретко кој и ретко за каков повод денес би собрал толку. Но подобро вака,
одошто незатскриени политички митинзи. Подобро е и вака затскриено а сите
знаат.Читам на фб еден куп “стручни” и нестручни лица со свои коментари кои
одат од “срамота” до “кој се бе тие браќа Тавитијан, да не е татко им никој не
би ги знаел”! Типично македонска констатација. Но во оваа
македонска квази демократија секој си го дава правото да просудува за нечии вредност,
остварувања, а самиот не сторил ништо позначајно одошто исфрлање на ѓубрето до
контејнер.И од тоа прави подвиг како “прво искачување на Македонецот на Mесечината”.
И заради тоа чувствува право да навредува секого кој го направил тоа што го направил
( а можеби дури и го изнесува сопствено ѓубре до контејнерот), а за кое тој
може само да сонува.Препорака до таквите (а и инаквите): Дека изведените песни се безвременски македонски песни - не дискутираме. Дека тие во
минатото имале секакви изведувачи - имале! Дека меѓу овие изведувачи има
исклучително популарни (некогаш) и заслужни (засекогаш) и за кариерите на некои
од нашите најпопуларни изведувачи (Калиопи ви е помлада варијанта на Тереза, а
за Вера Јанковиќ очигледен е урнекот за животниот - професионалниот профил во
Јосипа Лисац) – попусто е да трошиме зборови, и време. Дека најголемиот дел од
нив се на професионалниот ( па и животниот ) залез- се! Дека се далеку од своите најдобри пеачки денови - се!
Дека, ако сте гледале од дома, батали ХД пренос(прв пат кај нас) кога тонот и
сликата одат како кај разроките (нека ми биде простено поистоветувањето),
впечатокот за нивните вокални перформанси биле катастрофални - стои!Но дека екс
Ју пеачи ни го одбележале денот на независноста е брутален цинизам, најдолен
национализам, културен вандализам.Ако тие (најголемиот дел од нив, на своите
приватни забави пеат голем број од тие македонски песни, без оглед на кој дел
од поранешна Југославија, патем во своите јавни изјави ( не кај нас), ја
величаат вредноста на таа македонска вонвременска вредност, тоа е наша добивка,
тоа е почит кон земјата а во најголема мерка и кон наредот и неговата
оставштина.Таквите нека не заборават дека овие или други (слични ) пеачи,
секогаш на учествата на македонските фестивали пееле на МАКЕДОНСКИ!Редица
македонски евергрини отпеале токму тие пеачи.Критиките стојат, кога попот сака
да биде поголем од папата, само затоа што го видел на слика.Например
Тијана!Која од кој знае која причина одбра да отпее во својата земја, на еден
од нејзините најголеми празници, на друг јазик а не на својот.Но, и
организаторот кој се согласил со нејзиниот избор.Тој (организаторот, кој и да
е) е виновник што иако неофицијално (а може ли да постои таков поим кога
присуствуваа седумдесетина илјади луѓе) пред почетокот, првите учесници беа
македонци од албанска националност.Иако тие морале да бидат таму (но не и во
таков контекст, туку некој од нив да отпеел некоја од песните од македонската
етно ризница што оди на душа на Тавитијан кланот), но не и на почетокот што за
толкава толпа народ (барем во овој миг ) делува
иритирачки. Но тоа се грешки во чекори кои тренерот морал да ги знае. Споредбено со
таа листа изведувачи навистина би сакал некој да ми спротивстави аргументи за
вонвременската квалитетна неподобност на поединци (од Кесовија до Бебек со се
претходно изкажаните констатации за нив), но со секој кој мисли дека барем на
половината не им било место таму - се согласувам!Антонија Шола? Му се чудам на
умот на Гаро за тој избор.Заради Тоше?!?Да имало нови гласови од овие балкански
(екс Ју ) прострори?Да, за такви како например Александра Радовиќ..
Конечно.Ова беше промоција на Тавитијан проектот
Македонско срце...Во живо.Најавено уште при обелоденувањето. Државата (или
власта, како сакате, иако државата мора да биде вечна а власта се менува после
секои избори), ја искористи можноста за поинакво одбележување на денот на
независноста.На крајот, денот државата го одбележува со стандарни манифестации
а ваквата е за народот кој низ популарна форма ќе треба полека да го врежува
денот во колективната вредносна меморија.Во некои наредни времиња, можеби и
Стинг или (што да не) и Брус Спрингстин ќе се обидат на тој ден како гости на
државата да отпеат по нешто и на македонски. Се разбира..за дебел хонорар. Е...тука
е поентата на сите критики, а за што не прочитав ништо, или речиси
ништо.Мислите дека заради љубов кон Македонија, македонската песна, и
семејството Тавитијан, најголемиот дел од нив дошле до кај нас?!Колку се
лажете, ако мислите така! Со гол задник (да ми простите) на жешка печка да
седнат, нема да им верувам!Без ПЕТ илјади евра, нема човек, барем од првиот
пеачки ешалон!Ако еден од таквите, кои оваа јавност ги создала а овие медиуми
ги величале нарекувајки ги поп кралеви (и како уште не) а јас гледајки ги се
срамев заради нивната пеачка беда (прикриена со гламурозна гардероба), за крајно
доблесна манифестација без пари на државата и моб операторите (на кои државата
им одредува кому ке му ги дадат парите), како што е изборот ЕВЕРГРИН 50,
македонски евергрин во педесетина години наназад, Владо Јаневски бара 2000 евра
за изведба на ЕДНА песна (под услов таа да биде меѓу дваесете НАЈ), за што
одговорно сведочам, тогаш и натаму сомневајте се во хонорарот за изведбата на
светите македонски песни, заради кои во гради се буцаме. Да си удриме по нашето ѓубре, а потоа по она од
страна, кое не дошло само, туку сами сме си го донеле.
Идеата
беше одлична а за содржината и квалитетот на поединци, секој има право на
сопствен суд. Како граѓанин кому тоа му било наменето. Не како стручњак. Белки за тоа
во изминативе дваесетина години изградивме некакви авторитети.
Жалосно е ако таквите се однесуваат кон својата
одговорност, изнесувајки ги јавно своите ставови, со јазик и на начин како на
правење скара на пољанче со пријателите и роднините. Народот чувствува. Можеби и
затоа немаме естрадни авторитети?Кој ќе знае?
No comments:
Post a Comment