Thursday, August 2, 2012

Анализа на Британската сингл листа (28 јули - 4 август)


Рангирањето е неблагодарна работа.Пишувањето за него исто така. Но некој треба и тоа да го прави.За подемот, славата, популарноста, за среќата, трагедијата, несреќата, за чекорот пред или зад другите, за пропуштеното, за можното, за неоствареното, за сонуваното, на илјадници актери на времето, на хероите на младоста која тече, идолите на неброено многу луѓе кои своето време, меѓу другото ќе го идентификуваат со популарноста на таквите. Со проблематиката на минатите топ листи се занимаваат емисијата "Заборави ако можеш" (Радио 2), фан страната на фејсбук на емисијата и серијалот книги "Топ 40. хитови", чие ново продолжение "1981" излегува на крајот на септември. А Диско селектор се занимава со актуелното, сегашното. Доколку професионално се занимавате со естрадата, слободно користете го овој прилог.Би било чесно, заради вложениот труд, само да го наведете изворот

Ова е сингл топ листата во Велика Британија за неделата со реден број 31 во 2012.Со важност од 28 јули до 4 август

1.Florence & The Machine - Spectrum (Say My Name) (Calvin Harris Mix)
се трета последователна недела на првото место со синглот Spectrum (Say My Name) со 65,790 продадени примероци што е за 2.86% подобра продажба од претходната недела (63,960 ) и подобро дури и од првата влезна недела (64,816), а што е веќе 202,784 копии вкупна продажба на синглот а што во опусот на Florence & The Machine го прави петиот со тираж поголем од 200.000.
2.Maroon 5 (ft Wiz Khalifa) - Payphone
се исто така веќе трета недела зад Florence & The Machine со продажен тираж од 50,626 примероци, следејки ги претходните недели со 57,034 и 63,349 копии со таа разлика што имаа уште една недела со втора позиција (07 јули - 92,318) - што е вкупно 263.327 продадени копии, и да не се заборави: две шампионски недели со 141,410 и 73,998 копии, односно вкупно 215.408 продадени примероци во време престојот на првото место и со оние 263.327 на второто место, синглот веќе има тираж од 478.735 примероци.
Врвните позиции на Florence & The Machine и Maroon 5 со по три последователни недели на непроменети места, се случува за прв пат од периодот февруари - март 2011 кога Someone Like You беше првопласирана за Adele а второпласирана беше Jessie J ft. B.o.B. со Price Tag (четири последователни недели)
3.StooShe Black Heart 
Во својата шеста недела на британската топ листа StooShe со Black Heart  скокајки од петото на третото место, ја имаат (засега) својата највисока позиција. Продавајки се во тираж од 38.608 примероци синглот веќе стаса до тираж од 258.311 копии.
4.Conor Maynard - Vegas Girl 
И покрај безбројните обиди да го регулира продажниот процес на носачи на звук во Велика Британија, тамошната дискографска индустрија не успева да воспостави цврсти законски дефинирани параметри, што во безброј случаи ги пореметува остварените тиражни резултати, сегашни, а особено споредбите со претходните. Благодарејки на  ниската цена од 59 пени минатата недела, (а што законот не  забранува во првата недела од појавата пониски цени од стандардните), синглот Vegas Girl на деветнасет годишниот Conor Maynard од Брајтон се продаде во тираж од 37.771 примероци со што е полош во две категории од неговиот претходник, синглот Can't Say No (објавен пред 14 недели) - деби позицијата ( No 2) и тиражот од првата недела (74,792). Синглот инаку досега е продаеен во 223.790 копии. И двете песни, двата сингла, се наоѓаат на неговиот деби албум Contrast кој излезе на 30-ти јули и би требало да се е очекува негов висок деби Топ 40 пласман, идната недела.

5.Flo Rida Whistle
Повторен скок меѓу првите пет направи Flo Rida со Whistle, со поместување за една позија (од 6 на 5) со тираж од 33.808 копии. Да не се заборави, тој беше максимално второпласиран две недели (16, 23 јуни) со тираж од 78.205 87.319, потоа една недела третопласиран со тираж од 70.277, две недели четвртопласиран (7 и 14 јули) со тираж од 61.198 51.338, една недела на шестата позиција (23 јули) со 35.420 и сега повторно на петотото место. Или севкупен тираж: 417.565

 6Каrmin Brokenhearted 
Американскиот тандем Karmin го има својот прв британски хит, синглот Brokenhearted со деби пласман на шестото место со тираж од 32.682 копии. Изненадувачки или не, но тоа е подобра деби позиција одошто во родните им САД каде на Billboard Hot 100 го имаа својот максимум со шеснаесетото место.

7Rudimental (ft. John Newman) Feel the love
На седмото место се Rudimental (ft. John Newman) со синглот Feel the love кој ја имаше највисоката позиција со четвртото место (16 јуни - 51.974) но и уште две топ 10 позиции - шеста ( 37.802) и седма (33.801), и сега повторно седма со 32.321 копии.

8.Chris Brown Don't Wake Me Up 
На осмото место (пад од третото) Chris Brown со Don't Wake Me Up со тираж од 32.109 копии.Претходно со најдобриот пласман на третото место (7 јули - 89.223), потоа четврто (21 јули - 48.060), повторно трето (28 јули - 39.410) и сега како осми.

9.Will.I.Am ft Eva Simons This Is Love
На деветото место (пад од четвртото) Will.I.Am ft Eva Simons со This Is Love со тираж од 31.099. Претходно една недела четврти (28 јули - 37.820), две недели на третото место (14 и 21 јули) со 64.170 50.052 и една недела првопласирани (7 јули ) со тираж од 102.320 примероци.

10.Fun ft. Janelle Monae We Are Young
И конечно десетата позиција (со повторен скок, овој пат од дванаесетото место) ја држат Fun ft. Janelle Monae со We Are Young, со тираж од 27.236 копии. Кои се нивните претходни позиции во врвните пет? Петти на 19-ти мај со 52.719 примероци, трети ( дури четири пати - 28 април, мај 5 и 12 и 16-ти јуни ) со тиражи: 67.777 70.581 65.603 53.538второпласирани два пати ( 26-ти мај и 9-ти јуни) со 56.587 70.227 и првопласирани (2 јуни) со 72.977 примероци.



Благодарејки на честото емитување на треилерот за Параолимписките игри во кој е искористена песната од 2007 Harder Than You Think на Public Enemyтаа иако никогаш и не била во Топ 200 листата во Велика Британија (иако официелното рангирно поле е Топ 75 се објавуваат првите сто но и се бележат првите 200 ) се појавува минатата недела на No 71 а оваа е веќе на 27-то место со продадени 11.697 копии, со што ова е 18-тиот Топ 75 на ветераните на хип хопот, но и нивниот десети Топ 40 хит, зголемувајки го тој скор 15 години по претходниот He Got Game.


За одбележување се деби позициите на неколку изведувачи во Топ 40 полето. На 26-тото место е францускиот ди џеј и продуцент Cedric Gervais со својот деби хит Molly со тираж од 11.724 продадени примероци, Madeon е 35-ти со и 8.001 копии,  групата Frontline на MC Clement Marfo со првиот хит Champion е 38-ма со 7.410 копии

На чекор од Топ 40 полето но во Топ 75 позиционирањето, се два сингла од компилацијскиот албум со музика од отворањето на Олимпијските игри во Лондон, но кои засега ги имаат овие максимални позиции што се должи на фактот дека се објавени само еден ден пред појавувањето на важечката англиска рангирна тиражна листа.Тоа се кавер верзијата Come Together на Beatles во изведба на Arctic Monkeys со 67-то место и 3.598 примероци и Caliban's Dream со Underworld, Dame Evelyn Glennie, Only Men Aloud, Evelyn Roberts & Alex Trimble како 69-ти сo 3.389 продадени примероци. Повеќе е од очекувано овие синглови да имаат Топ 40 пласман следната недела . 

Пред крај на оваа триесет и прва недела на 2012, последниот Топ 75 новитет, новиот сингл Sovereign Light Cafe на Keane кој се појавува на 74-тото место со 3.236 копии. Лош тиражен пласман за Keane и покрај добриот пласман (No 19) според радио емитувањето во Велика Британија.


За крај, најголемиот скок неделава, од 28 на 16 место (со завиден тиражен резултат: 17.626 примероци)  за хип хоп екипата Far East Movement и поп триото од Барбадос Cover Drive на кои синглот Turn Up The Love им е четвртиот заеднички (како соработка) Топ 20 хит.


Во однос на претходната недела (3,293,659), оваа триесет и прва, забележан е пад на продажбата на сингловите во Велика Британија од 4,59% со тиражен скор од 3,142,600 примероци (дигитални и физички), или тоа е - 0,41 % помалку во однос на истата недела лани, 2011 година со тогашниот тираж од 3.129.866 примероци.

No comments:

Post a Comment