Monday, July 23, 2012

КРАЈ НА ЕДЕН ОЧЕКУВАН КРАЈ

По повод годишнината од смртта на Amy Winehouse.Текст објавен на овој ден минатата година

Стомната оди на вода, се додека не се скрши, вели старата народна.Речиси очекувано одекна веста за смрта на Amy Winehouse! Додуша никој не очекувал толку скоро, по дебаклот во Белград, но како трагична, финална завршница, на угорниот пат, кој не водел веке никаде, освен...кон единствената можна цел, да...во некое догледно време, доколку таа не ја извади главата од песокот во кој секогаш при судбинска закана, ја криела..Да ли можеби таа трагична завршница можела да биде избегната? Повеќе од сигурно дека куп луѓе, најблиските, семејството, пријателите, соработниците, правеле напори, применувајки се што верувале дека ќе може да ја врати во некаков нормален животен колосек. Но таа таквиот одамна го напуштила. Впрочем како и никогаш да не се движела по него.Личност кај која реалноста и фикцијата биле целосно измешани, и која впрочем и немала долг естраден стаж за да тој биде дисциплинската единица за професионалноста на која и најдевијантните ликови на естрадната историја безусловно и се покорувале, без оглед на состојбата во која се доведувале. Дисциплираната потсвест секогаш им помагала да градат два паралелни лика, приватниот и професионалниот (Janis Joplin,Jim Morrison, Billy Holliday...), кои за жал кај Amy се испреплетени до Гордиевиот чвор, но за жал Александар го немало да се појави за да го среди со еден удар. Имитација на таквиот, во ликот на Blake Fielder-Civil, проблематична личност која ја движи Amy во насоката која како веќе да и е зацртана, е само придонес повеќе во се побурниот хаос во кој таа организирано се врти во круг, само подзасилуувајки го, со сопствени речиси веќе предвидливи потези. Љубовта може да биде посилна од се, но вистинската, а нивната очигледна не била таква. Иако крунисана со брак, набргу распечатена, е само сол во ионака пресоленото јадење, нарекувано живот.Кај Amy се помалку се зборува за музика а се повеќе за она што од неа никогаш не би направило интернационална ѕвезда. Општиот впечаток е дека нејзиниот менаџмент сноси огромна вина за влошувањето на ионака лошата состојба, по кусите рехабилитациони процеси, повторно доведувајки ја под естрадното светло кое на неа делува како адреналин, раздвижувајки ја, но секогаш во негативната насока! Два албуми ( регуларни, студиски ) за единаесет години? Премногу малку, за статус на врвна пеjачка, еден од најголемите таленти на 21-от век. Кариера одржувана врз толку мал (а исклучително квалитетен) опус, растегнуван со неброените испади, надвор од кодексите на морално устројство кое (би требало ) го движи и одржува светот. Некои луѓе не можат да му се прилагодат, имаат свои правила, надвор од сите правила, и таквите естаблишментот ги осудува, бидејки му ги разнишуваат темелите.Тие продолжуваат да живеат по нив (и во нив) без оглед како ние, како дел од естаблишментот (по определба, уверување или по навика) на кој му припаѓаме, гледаме на нив. Elton John, George Michael, се само дел од бескрајната низа такви кои не го живеат животот како ние од естаблишментот, но тоа ним не им пречи..а најискрено, ниту нам, бидејки и натаму извонредно ја извршуваат работата заради која постојат (професионално). Amy одеше по еден пат следена од милионска армија почитувачи. Скршна на првото поголемо раскрстување од одбраниот пат, на поинаков, но повторно самостојно одбран. Оние кои требаа посериозно да ја предупредат за грешката, не го сториjа тоа навреме (барем не доволно авторитетно и упорно). Подоцна само ги подзаскриваа последиците, привремено санирајки ги. Следбеничката армија ја следеше и по новиот пат, верувајки дека на него таа ке блеска, како и во почетокот на заедничкиот од, почит исполнета и со голема доза сочувство и би рекол сожалување. Но во естрадниот свет, таа категорија - СОЖАЛУВАЊЕ е непојмлива. Во едно свое интервју на Radio One 1991 Bono Vox , ќе ја каже сета вистина во една реченица: "Целиот тој систем на автодеструкција, целиот тој sex, drugs& rock 'n' roll, сето тоа е терање вода на млинот на корпорациите, тие тоа го нарекуваат "вградено застарување"..направи една ѕвезда да согори за да заработиш брдо пари на неа, па најди друга...се е тоа тешко срање!".

Тоа е како колективна одговорност, како општествена соспственост, сечие а ничие, сите а никој.. виновник нема а жртва има во полза на одбраните. Да, Amy е само уште една во таа фамозна низа од 27 (како Janis Joplin. Jim Morrison, Curt Cobain, Jimi Hendrix, па и нашиот Тоше Проески ), но и низата на оние со 28, 29,30 или 26, 25 е исто така голема. Жално што еден млад живот, кој од анонимусот на сопственото опкружување излегол заради неспоредливиот талент, кој само распламсан, но не и разгорен, згасна пред да згрее студени души. Само ги допре и им го остави својот неизбришлив белег. Белградскиот концерт беше финалната сцена на претставата “Amy Winehouse”, а смртта, спуштањето на завесата. Обидувајки се, можеби и пред самите себе си, чувствувајки вина без вина, да се правдаат, во нејзино име, организаторите на концертот македонските Авалон, во еден текст на фејсбук ќе наведат дека "луѓето и не се свесни дека можеби присуствувале на историски концерт".Колку биле далекугледи, и не сакајки. Каму сре}а да згрешеле, да бил тоа само еден од низата вообичаени концертни испади, кои следниот албум сигурно би ги ставил под велот на заборавoт. Но албумот го немаше, а реалноста е сурова игра во која секој од нас, со невнимание, може да ја добие главната улога. Пред многу години напишав: "Мешавина на Лидбели, парна машина, Каламити Џејн, Беси Смит, хидраулична дигалка и виски, уфрлена во дваесетиот век, некаде меѓу Ел Пасо и Сан Франциско.Тоа е Џенис Џоплин!". Сменете некои од географските одредници, додајте некои други, споредсопствен избор ликови, добро протресете го..и производот на коктелот со друго име - Amy Winehouse ќе го има истиот вкус.
Почивај во мир, иритирачка, неразбрана, непредвидлива и неспоредлива пеjачке, но и жено која си го барала, речиси од самиот почеток, сопствениот мир, надвор од оноj кој Ти бил нуден. Можеби конечно си го нашла надвор од нашите погледи, кои како дел од нашата ненаситна човечка љубопитност, не Ти дозволиjа да бидеш позната меѓу познатите и обична меѓу нас анонимните.

Tuesday, July 17, 2012

R.I.P. JON LORD


"Никој од нас пред раѓањето, не се прашува да ли ќе се роди во овој или оној народ, од овие или оние родители, во овој или оној духовен амбиент. За тоа немаме ни заслуги ниту вина. Но да ли ќе живееме и ќе постапуваме како луѓе или нелуѓе, е тоа веќе зависи од нас.Тоа е оноа што ни дава вредност во очите на сите луѓе со добра волја. Да бидеме секаде и секогаш луѓе за да како такви за свои не признае Господ а не препознаваат претците не запознаваат современиците и не помнат поколенијата.



Кога човекот ќе се роди, сиот свет се радува, а
само тој плаче. Но треба да живее така, што кога
ќе умре, сиот свет да плаче, а само тој да се
радува."
/српскиот патријах Павле /


Минувале ветришта на промени, сознавања, созревања,технолошки напредок, надградба на идеи, вкусови, идоли, почитувачи и почитувани. Ако одвнатре умеете да ја чувствувате разликата кон подобро,ако умеете да патувате низ времето иако не сте магионичар, а секогаш цврсто вкотвени во сопственото, тогаш морате да умеете да ја препознаете бојата на неговиот хемонд, на неговиот мек, сигурен, елегантен допир по црно белите клавиши. Deep Purple беше Ritchie Blackmore, во многу Ian Gillan  и David Coverdale, и оваа или онаа ритам секција, но најмногу - беше тој.
Човек кој уште од старт им ја наметна сериозноста без оглед на трендот во кој се впуштија, хард рок со класика како дополнителна инспирација.

Jon Lord засекогаш ќе остане вбележан во историјата на популарната музика.Не само по долгиот период низ времето, туку и долго по него. Заедно со Rick Wakeman ( но и редица други моќни и влијателни клавијатуристи на седумдесетите), ќе биде стожерна вредност не само на Deep Purple, туку и сета подоцнежна непрегледна низа клавијатурно засновени групи, идеал на сите на неговата позиција во групата но и на оние кои седнувајки зад истородниот инструмент имајки ја императивно неговата личност пред себе како можен дострел, се обидуваат да го довтасаат. Препуштајки ја фронтменската позиција на други ( пеачи или гитаристи ) во групата со својот хемонд давајки им фантастична инспиративна подлога на импровизациите на останатите, само на мигови застанувајки под светлоста на рефлекторите, главен виновник е за впечатливоста на редицата безвременски песни на Deep Purple чиј коавторски потписник е и тој.
Затоа почивај во мир маѓепснику на црно белите полиња кој различноста на боите и тоновите ги претвори во едно: безвременска музичка ода.
Teнка е линијата помеѓу љубовта и омразата, но уште потенка е онаа помеѓу среќата и тагата.
Но нераскинлива е таквата помеѓу вербата и почитта. Онаа која го карактеризираше Jon Lord





Saturday, July 14, 2012

Анализа на Британска Топ листа (8-15 Јули 2012)


1. Maroon 5 ft. Wiz Khalifa 
Payphone (73,998)
Ова им е 13-от сингл на англиската листа како прв таков, со два второпласирани (Moves like Jagger и Makes мe wonder
Прв пат на листата на 31 јануари 2004 со No14 пласманот за Harder To Breathe
Севкупно 11 Топ 40 синглови од кои пет со Топ 5 пласман! Во албумскиот опус два од четирите студиски албуми се со No1 статус (Songs About Jane и It Won't Be Soon Before Long) а и другите два со Топ 10 позиции.


2. Chris Brown 
Don’t Wake Me Up (70,702)
Од првото појавување на топ листата во Велика Британија на 11 февруари 2006 вкупно 24 чарт сингла со 361 неделен престој. Само еднаш првопласиран со синглот Turn Up The music и тоа оваа година на 7 април со тираж од 83.777 примероци во неделата на врвот, а потоа само една недела меѓу првите пат во падот, на 14-ти април на четвртото место со тираж од 40.941 продадени примероци. Вкупно седум Топ 10 синглови и исто толку со Топ 40 позиција. Два Топ 10 албуми, а овој сингл ја имаше третата, како стартна позиција.


3. will.i.am ft. Eva Simons 
This Is Love (64,170)
Почнувајки од 22 септември 2007 со вкупно шест синглови од кои со четири на англискиот Топ 40 и 55 недели минати на него. Од нив три со Топ 10 пласман, еден во Топ 40 кругот.Еднаш првопласиран, минатата недела со 102.320 примероци.


4. Flo Rida 
Whistle (51,338)
Вкупно 16 англиски чарт сингла за 31 годишниот Tramar Dillard знаен како Flo Rida кој е веќе во различни комбинации присутен на топ листата 290 недели со три првопласирани синглови, шест Топ 10 пласмани и уште седум Топ 40 одбележја! Три Топ 40 албуми од кои два во Топ 10 полето. Со овој сингл на листата  влегува на 16-ти јуни како второпласиран (78,205 ), на таа позиција е и следната недела (87,319 ) за да наредната биде трет ( 70.640) а минатата четврти.


5. StooShe 
Black Heart (46,431)

Втор сингл на женското рап трио како директна најава за албумот StooShe чија појава веќе еднаш одложена сега најавена за трети септември.Синглот на британската листа се појави во последната недела на јуни како четврти со тираж од 53.065 примероци.Вкупно ( со двата сингла ) девет неделен престој


-Во заградата е тиражот
-Најмалку синглови продадени се во неделата (заклучно) 14 јануари - 3.081, 319
-Најмногу синглови продадени се во неделата (заклучно) 24 март - 3.654.761 
-Севкупно во првите 27 недели од оваа година во Велика Британија продадени се вкупно 91.068.833 синглови!




Најтиражните синглови оваа година (до сега - 27 недела)


1.  Gotye ft Kimbra
Somebody That I Used To Know (1,145,200)
*пет недели прв (83,265 + 95,338 + 87,057 + 81,437 +     71,521) една плус четири последователни
*пет недели трет (58,264 + 94,901 + 60,620 + 53,884 + 45,695) три па две последователни 
*една недела петти (51,554)
*никогаш не бил втор и четврти!

2.  Carly Rae Jepsen

Call Me Maybe (874,800)
четири недели првопласирана (106,657 + 110,024 + 114,993 + 99,569)
една четвртопласирана (80,328)
три третопласирана (59,183 + 49,855 + 46,642)
една петопласирана (46,627)

3.  David Guetta ft Sia

Titanium (795,200)
една недела прв (85,985 )
две недели втор (66,043 + 81,142 )
трет една недела (48,851)
четврти една недели (57,582 )
пети една недела (45,011)


4.  Fun ft Janelle Monae
We Are Young (703,800)
првопласирани една недела (72,977)
второпласирани една недела (56,587)
третопласирани три последователни недели (67,777 + 70,581 + 65,603)
петопласирани една недела (52,719)


5.  Nicki Minaj
Starships (693,800)
една недела прва (51,730)
две недели трета (53.661 + 53,827)
една недела четврта (53,009)
три недели пета (49,556 + 50,058 + 41,480)


6.  Jessie J
Domino (671,000)

7.  Flo Rida ft Sia

Wild Ones (641,400 )

8.  Emeli Sande

Next To Me (531,600 )

9.  Rizzle Kicks 

Mama Do The Hump (491,200 )

10. DJ Fresh ft Rita Ora

Hot Right Now (419,400 )

11. Alex Clare

Too Close (405,800 )

12. David Guetta ft Nicki Minaj

Turn Me On (373,200)

13. Kelly Clarkson

Stronger (What Doesn't Kill You) (370,400)

14. Sean Paul

She Doesn't Mind (365,200)

15. Flo Rida

Whistle (348,400)

16. LMFAO

Sexy & I Know It (342,000)

17. Tulisa

Young (338,400)

18. Train

Drive By (338,200)

19. Flo Rida

Good Feeling (335,000)

20. Rita Ora ft Tinie Tempah

R.I.P (334,800)


АЛБУМСКИ ТОП 5


1. Chris Brown 
Fortune (29,980)
2. Maroon 5 
Overexposed (18,818)
3. Linkin Park 
Living Things (14,198)
4. Ed Sheeran 
+ (12,150)
5. Emeli Sandé 
Our Version Of Events (11,751)

*Најмалку албуми продадени се во неделата (заклучно) 02 јуни - 1.312.971
*Најмногу албуми продадени се во неделата (заклучно) 14 април - 1.998.176 





Monday, July 9, 2012

DURAN DURAN - НИШКАТА КОЈА НЕДОСТАСУВАШЕ


Дјуран Дјуран во Скопје
(фотографија превземена од Макфакс)

More od race i glasovi, visoko krenati vo slava na vrednosta koja trae.

Za da ne podlegnam na euforija, naro~no ostaviv da mine vreme, za da gi sredam vpe~atocite i gi smiram emociite. Ne znam kolku koncerti sum videl, no sum razgovaral so mnogumina koi videle mnogu pove}e od mene, sum gi sublimiral iskustvata, sozdavajki edna kolku -tolku realna slika koja koncertnite do`ivuvawa gi deli vo nekolku bitni kategorii (sekoj sigurno mo`e da dodade u{te ponekoja): vrvni instrumentalisti~ki, istoriski bitni, nostalgi~ni, presti`ni (da se bide na mestoto na nastanot bez ogled na kvalitetot nesporedliv so trendi zna~ajot), i op{to narodni (ne narodni!), zabavni, odnosno parti (`urka) koncerti. E vo taa (poslednava) kategorija be{e koncertot na Duran Duran vo Skopje.
Blagodarejki im na Avalon (bez namera na glorifikjacija na storeno za {to dokumentirano svedo~i istoto), ova nekoga{ (vo vremeto na SFRJ) koncertno zaboraveno  par~e prostor (ne po vinata na SFRJ tuku na{a bidejki gi imavme SRC Kale, MKC (odnosno Domot na mladite 25 maj) i Univerzalnata sala kako najreprezentativni koncertni prostori), go posetija, Deep Purple, Whitesnake, Lenny Kravitz, Jamiroquai, Santana, Orbital, Joe Cocker, Bryan Ferry...Se razbira i nekolkumina drugi organizatori donesoa redica drugi vrvni izveduva~i, interesni sekoj na svoj na~in i golemi ili popularni, kolku toa uspeale da gi napravat organizatorite (zaradi ostvaruvaweto na posakuvaniot profit). No, koncertot na Duran Duran ima{e posebna magija koja e ednostavna, I zatoa e magija koja trae. Vo osnova tie se trendovski bend, koj generalno se vrzuva (ne tie tuku mediumite ) za po~etocite na Noviot bran od osumdesetite i nivnata pionerska uloga vo nego. Pove}e na~in na `iveewe, odnesuvawe i moda, odo{to muzika, no preku nea bea ispropagirani site ostanati segmenti koi protagonistite i trendot go donesoa vo fokusot na interesot na sevkupnata javnost. Ritmi~ki, lesni, fankoidni, prepoznatlivi melodijski linii i ramnomerno raspredeleni instrumentalisti~ki anga`mani koi retko kreiraa popularni istrumentni virtuozi. Ottamu, frontmenite na grupite kako pea~i,bea i najgolemite yvezdi. I po igra na sudbinata, spored edni, spored drugi, na~ekale vo penzionerskite denovi da }arat tamu kade {to ne bile, dojdoa vo Skopje. Smesteni vo eden neverojaten koncerten sled koj vo period juli / avgust opfa}a trieset koncerti vo Polska, ^e{ka, Ungarija, Grcija,Makedonija, Turcija,Srbija, Slovenija, Italija, Francija, Monako, London (otvorawe na Olimpijskite igri ), Kalifornija, Oklahoma, Tenesi, Masa~usets, Va{ington, Wujork, Xorxija, Pensilvanija, Ilinois, Ohajo, Konektiket, Kanada (od prilika sekoj vtor den).. ..
Vo eden ekstremno `e`ok leten den, so (za takva dnevna `e{tina), prijatna letna ve~er, na prostor koj doprva bi trebalo da gradi koncerten imix, skopskoto Kale. Nikoga{ pred toa ne sum gi gledal Duran Duran koncertno i priznavam ne sum bil nekoj niven golem fan, po~ituvajki go srabotenoto i ostvarenoto, a kako nabquduva~, ~uvstvuvajki imperativno nenametnata odgovornost za profesionalna distanca od sekoj popularen, zaradi potrebniot profesionalen odnos vo odbele`uvaweto na nivnata aktivnost. Sopstvenik na site nivni albumi i singlovi do 1995 vo vinilno izdanie, no i dostato~en broj na godini vo vozrasta, za da vo vreme na prvi~niot udar na popularnosta, bidam pove}e seriozen nabquduva~ odo{to napalen tinejxerski fan i modno muzi~ki sledbenik. I navremen prezenter na nivnite ostvaruvawa (na toj na~in i svoeviden propagator) preku vlijatelnite i popularni radio programi kako Disko selektor i Radio urnebes i diskotekata Turist. I zatoa i mnogu qubopiten, za da proveram kolku skopskata (pred se) a i makedonskata publika (preku predstavnicite od drugite gradovi ), go pomni vremeto i da li (neskromno posakuvajki ) efektot na skromnata li~na zame{anost ostavil traga.
Koncertniot set, po~na re~isi vo predvidenoto vreme. O~ekuvav udar koj }e me sobori od start, no (za mene), po~etokot be{e razo~aruva~ki, standardno, prili~no mlako, iako besprekorno. No ve}e po vtorata pesna mi stana jasno deka ova ne e sprinterska trka tuku dvo~asoven maraton vo koj }e se sprintuva vo fini{ot na istata. I deka se primenuva stariot logorski trik: ne go razgoruvaj ognot naedna{, brgu }e ti izgori materijalot. Poleka, za da istiot se zagree i podolgo gori. Najkvalitetnite par~iwa se stavaat na kraj.
Duran Duran imaat 30 Top 40 singla so 14 Top 10 plasmani,tri vtoro plasirani singla i dva so {ampionska pozicija. I trinaeset studiski albumi. Vnimatelno raspredeleni, za dva silni dvo~asovni koncerti. Zbieni vo eden, mo{ne mo}na sodr`ina. A taa ispora~ana vo niza na ~ii biseri i ne ste znaele deka tolku mnogu lu|e na ovie prostori vo izminatite decenii im se voshituvale, poedine~no, a sega, nenadejno sploteni vo niza. Potvrdata za toa stasuva{e od iljadnicite do maksimum raspeani grla, so refrenite na pesnite  koi kako prezenter i ne sonuvate kolku svoi vqubenici imaat. I so kolku `ar, seta, emocii, qubov im se prepu{taat ne obrnuvajki vnimanie na okolinata. A i nemaa zo{to, bidejki ne se razlikuvaa od nea. Pesnite vi se kako rakija so dobro meze.Se lizgaat kako ~a{ka po ~a{ka, so merak. Ako pak takva vi e sekoja naredna, ve}e ne broite, i bez ogled vo mo}ta na konzumiraweto, u`ivate so gradacija po sekoja naredna - pesna. Tie se tie koi ve opivaat, pomo}no i podolgo od bilo koj alkohol.Tie se tie koi vi sozdavaat (kolku i da e vremeno) ~uvstvo na zapirawe na protokot na vremeto, nevozmo`noto vra}awe na istoto, splotuvawe so vremenskite istomislenici..
Naedna{ gi prepoznavate ve}e podzaboravenite likovi na sopstvenoto vreme okolu vas (koi mo`ebi samo pred malku i ne gi zabele`uvavte ili ne sakavte da odgatnuvate vo nivniot lik, kolku va{iot vremeto go promenilo). Vo eden podzapren dvo~asoven vremenski procep, nezavisno na sostojbite nadvor od nego, se vi e rozovo, ubavo, raspeano, bidejki, neli, se e lesno koga si mlad.. Vo edna takva emotivno rapa{ana sostojba i ne zabele`uvate, ili ne vi e va`no, {to nekoj visoko profesionalen nabquduva~-recenzent }e nazna~i deka - pauzite pome|u pesnite se nedozvolivo dolgi, deka tehni~ki problemi za taka golem bend se nedopustlivi” deka ozvu~uvaweto bilo vakvo ili onakvo.. Pove}e od, vlakna vo jajceto, mo`e da ima samo vo kosata na.. .. Kango! ..

Сајмон Ле Бон
(фотофрафијата е превзена од мкд.мк)

Retki se takvi grupi koi re~isi so siot svoj materijal mo`at da predizvikaat sostojba na op{ta koncertna euforija. Duran Duran mi go poka`aa toa (barem mene). Simon Le Bon e pea~, koj mo`e da go pee, toa {to go pee. Ni pove}e ni pomalku. No nikoj i ne o~ekuva ne{to drugo od nego. Za~uduva~ki e mlitav i tan~erski netalentiran, toj ne e Mick Jagger, no ima svoi migovi, koi se del od koncernata koreografija, od (dobro isplaniranite) slu~ajno odbrani lu|e od publikata koi peejki refren ja voveduvaat vo odredena pesna, sozdavajki ja potrebnata po~etna tenzija i gradejki go mostot me|u nea i grupata, kako i efektnoto negovo  pretstavuvawe na ~lenovite na bendot i povtorno takvo li~no, od slu~ajno odbranata devojka od publikata. Nekolkute zborovi izgovreni na makedonski, prifateni ne kako kurtoazija, tuku kako znak na po~it kon sredinata vo koja se del od vremenskiot mig, sopstven i na{, go zacvrstuvaat ve}e vospostaveniot most, preku koj lesno se minuva.Od po~etokot, do krajot.Od orginalnite (znaeni) Duran Duran nedostasuva{e gitaristot Andy Taylor, problemati~na ili principielna li~nost koja svojot karakter nekolkukratno go doka`uval odejki si i doa|ajki, taka {to i ovoj pat negovoto mesto go zavzema izvonredniot gitarist Dom Brown koj nastapuval na turnei i snimal albumi so Elton John, Lionel Richie, Take That, Justin Timberlake, Liam Gallagher,Sugababes.. So mo{ne rastegnat dijapazon na vlijanija, pove}e od maestralno ja zavr{i zadadenata obvrska davajki mu na sevkupniot zvuk na grupata pobogata od postojanata ornamentika i sozdavajki  slika za porokerska agresivnost. Nitu edna{, osven vo finalnoto pretstavuvawe ne be{e prika`an na video bimot so {to be{e ozna~en negoviot status na vremeno vraboten, nadvore{en sorabotnik na grupata ( i pokraj negovoto u~estvo na posledniot album All you need is now, a i ne samo na nego). Estradna hierarhija, vo koja nema emocii, samo pozicii. Kolku e slo`en tapanerskiot korpus vo koncepcijata na grupata poka`a Roger Taylor za kogo iskreno bev prijatno iznenaden znaejki deka na takva pozicija ne mo`e da bide prose~en tapaner, no i ne veruvajki deka e toj ne{to mnogu pove}e od toa. No me razuveri, so edna besprekorna namenska disciplinirana tehnika, so ritmika vo slu`ba na konceptot (vo koj i pokraj siot svoj instrumentalisti~ki potencijal ne bi mo`el da se vklopi naprimer na{iot Garo), so koncept na elektronski tapani kako dopolna na udira~kiot instrumentarium. Bez somnenie, edna od zna~ajnite oski na grupata, na ~ij drug kraj se nao|a vtoriot Taylor, basistot John. Vo angliskiot, takanare~en bel ili light fank na osumdesetite godini, osnova okolu koja e graden celiot nov bran, so karakteristi~na taktovno striktno naglasena ritmika, zna~en konceptualen segment se bas liniite koi ne retko ja prevzemaa vode~kata, dominantna uloga. Vo Duran Duran toj koncept e povtorno vo slu`ba na sevkupniot zvu~en yid, koj na migovi se otvora pri koncertnite prezentacii, no ne i dominantno vode~ki.Vo funkcija na dopolna na ritmi~kit fundament vrz koj se temeli Duran Duran zdanieto. Zaradi elektronskiot klavijaturen arsenal, Nick Rhodes, deluva nekako pozadinski, nezainteresirano, no samo navidum.Toj e kone~nata fasada na zvukot na grupata, melodijskata podloga vrz koja se polo`uvaat vokalnite i gitarskite delnici. Ne smee da se zaboravi Simon Willescroft, eden nadaren saksofonist koj ne retko na znaenite pesni im dava{e soul boja i ja zbogatuva{e zvukovnata paleta do neo~ekuvani koloritni nijansi. Za atraktivnosta na pridru`nata pea~ka Anna Ross mo`e da posvedo~at onie neposredno do binata, so vokalnite mo`nosti, smestena vo kategorija, odrabotuvawe na dadenata zada~a, bez osobeni zamerki.
Nekoj }e ka`e (a verojatno i }e bide vo pravo) deka malku ne{ta bile pomoderni od Duran Duran vo dvaesetiot vek. Ili, deka retko imalo tolku modni ikoni so taka silno vlijanie kako tie. Nivnite sliki, poedine~ni ili grupni kako posteri i znak na trendot na vremeto, prekrivale kilometri yidni povr{ini {irum svetot. Nivnite likovi se per~ea po tv ekranite vo brojnite kultni, skapi, egzoti~ni i ponekoga{ nadrealni spotovi, {irejki ja kulturata na istite do prethodno samo sonuvanite granici. A koga modata na istite mina, koga dvi`eweto samo po sebe se nadmina i se divergira vo bezbroj slivovi, Duran Duran ja imaa mo`nosta ili da se konzerviraat za podobri vremiwa, ili i natamu da se potvrduvaat samite sebe.Se re{avaat za dvete opcii, i eve gi, triesetina godini daleku od sopstvenite po~etoci, vo svoite pedeseti godini, so svojata armija seu{te zad sebe. No i predizvik, da i pridru`at na istata, bezbrojno mnogu novi regruti. Vo Skopje se slu~ija dvete ne{ta: ja imaa svojata ve}e osvoena publika, no siguren sum regrutiraa i novi sili, od brojnite, pred se qubopitni podmladoci na vernite sledbenici. Na ednite im be{e udrena tapija: EDNA[ I ZASEKOGA[ a na vtorite: PA OVIE SE PODOBRI OD MNOGU OD SEGA[NITE YVEZDI!

Дјуран Дјуран во Скопје
(фотографија превземена од мкд.мк)

Vo Skopje vo koe nikoga{ ne bile (i verojatno nikoga{ ve}e i nema da dojdat) go dobija ona {to i go zaslu`ija: more od race i glasovi, visoko krenati vo slava na vrednosta koja trae. Edna emotivna ve~er ~ij efekt se ogleduva vo iljadnici nasmeani lica na zaminuvawe so spomeni zasekoga{.
Eden moj ~etiriestina godi{en prijatel mi se javi utredenta so glas zaguben nekade vo grotloto na osve`enata mladost za da me pra{a, {to mislam za koncertot. Presre}en {to moite vpe~atoci se sovpa|aat so negovite, mi se ispoveda:.Me bolat noze od igrawe, i sramota ili ne, ama sno{ti ne se izbawav. Legnav za da utrovo se razbudam so mirizbata na pot od sno{ti. Za da me potseti na edna ve~er koja dolgo }e mi dr`i maja, i deka vozrasta ne e vo godinite.Tuku vo predavaweto.A dodeka ima vakvi kako Duran Duran, `alno i nepristojno e da se predade{.

Saturday, July 7, 2012

Duran Duran го ставаат Скопје на светска мапа


Колку да ни биде јасно кој доаѓа во Скопје без наводите за "некогашна тинејџерска сензација", и дека денешнава публика "не ги знае многу".Ако не знаеш колку се 2+2 виновни се родителите и наставниците, ама и ти затоа што мислиш дека компјутерот ке ти реши се.Бев на пресот по повод гостувањето на Duran Duran, верувајте ми, ретко одам на такви, последен пат бев на Deep Purple и бев засрамен од незнаењето на оние кои треба да знаат повеќе од Вас. И овој пат исто. Најмалку педесетина новинари, и НИКОЈ да не постави БИЛО КАКВО прашање (освен Тони Цифровски од Радио Скопје). А сите се наредиа да земат по корпичка со по две Кенбах пива и влезници за концертот! Ееееј. Подобрo седи си дома и нема да се среќаваш со бедата околу себе. Барем лажно ќе веруваш дека е помала. Колку за утеха.Еве ја листата на настапите на Duran Duran од 25 јуни до крајот на август. Па самите пресудете, за каков ранг (без оглед на вкусот) група, имаме можност да споделиме вечер со нea.Без оглед на "нови" и "стари генерации". Хитот е хит. Вчера или денес. Колку да се знае: НЕ сум особен фан на групата.Само почитувам остварено. 





Jun 25 Duran Duran: Music Pool GMBH, Wroclaw, Poland.ⓢ
Jun 27 Duran Duran: O2 Arena, Prague, Czech Republic.
Jun 28 Duran Duran: Papp László Budapest Sport Arena, Budapest, Hungary.ⓢ
Jul 6 Duran Duran: Earth Open Air, Thessaloniki, Greece.
Jul 7 Duran Duran: Skopsko Kale, Skopje, Macedonia.
Jul 9 Duran Duran: Küçük Çiftlik Park, Istanbul, Turkey.
Jul 12 Duran Duran: Exit Festival, Novi Sad, Serbia.
Jul 14 Duran Duran:Gospodarsko Razstavišče,Ljubljana, Slovenia.
Jul 16 Duran Duran: Verona Arena, Verona, Italy.
Jul 18 Duran Duran: Foro Italico, Rome, Italy.
Jul 20 Duran Duran: Arena Della Regina, Cattolica, Italy.
Jul 21 Duran Duran: Piazza Napoleone, Lucca, Italy.
Jul 23 Duran Duran:Theatre Jean Deschamps,Carcasone, France.
Jul 25 Duran Duran:SportingClubSummerFestival,Monte Carlo, Monaco
Jul 27 Duran Duran: BT London Live - Opening Ceremony Concert, Hyde Park, London, UK.
Aug 8 Duran Duran: Mountain Winery, Saratoga, CA, USA.
Aug 9 Duran Duran: Mountain Winery, Saratoga, CA, USA.
Aug 11 Duran Duran: OC Fair, Pacific Amphitheatre, Costa Mesa, CA, USA.
Aug 15 Duran Duran: The Joint, Tulsa, OK, USA.
Aug 17 Duran Duran: Memphis Botanical Gardens, Memphis, TN, USA.
Aug 18 Duran Duran: Biloxi, Hard Rock Hotel & Casino, MS, USA.
Aug 19 Duran Duran: Chastain Park, Atlanta, GA, USA.
Aug 21 Duran Duran: Durham Performing Arts Center, Durham, NC, USA.
Aug 22 Duran Duran: nTelos Wireless Pavilion, Portsmouth, VA, USA.
Aug 24 Duran Duran: MGM Grand Theatre at Foxwoods, Mashantucket, CT, USA.
Aug 25 Duran Duran: Revel Ovation, Atlantic City, NJ, USA.
Aug 26 Duran Duran: Stage AE, Pittsburgh, PA, USA.
Aug 28 Duran Duran: Fraze Pavilion, Kettering, OH, USA.
Aug 29 Duran Duran: Ravinia Festival, Highland Park, IL, USA.
Aug 31 Duran Duran: Casino Rama Entertainment Centre, Orilla, ON, Canada.
Sep 1 Duran Duran: Casino Rama Entertainment Centre, Orilla, ON, Canada.






СИТЕ ЧАРТ СИНГЛОВИ НА Duran Duran:

Planet Earth 21/02/1981 12 
Careless Memories 16/05/1981 37 
Girls On Film 25/07/1981
My Own Way 28/11/1981 14 
Hungry Like The Wolf 15/05/1982
Save A Prayer 21/08/1982
Rio 13/11/1982 9
Is There Something I Should Know? 26/03/1983 1 
Union Of The Snake 29/10/1983
New Moon On Monday 04/02/1984
The Reflex 28/04/1984 1 
The Wild Boys 03/11/1984 2 
A View To A Kill 18/05/1985
Notorious 01/11/1986 7 
Skin Trade 21/02/1987 22 
Meet El Presidente 25/04/1987 24 
I Don't Want Your Love 01/10/1988 14 
All She Wants Is 07/01/1989 9 
Do You Believe In Shame? 22/04/1989 30 
Burning The Ground 16/12/1989 31 
Violence Of Summer (Love's Taking Over 04/08/1990 20 
Serious 17/11/1990 48 
Ordinary World 30/01/1993 6 
Come Undone 10/04/1993 13 
Too Much Information 04/09/1993 35 
Perfect Day 25/03/1995 28 
White Lines (Don't Do It) 17/06/1995 17 
Out Of My Mind 24/05/1997 21 
Electric Barbarella 30/01/1999 23 
Someone Else Not Me 10/06/2000 53 

* Последната колона на бројки ја означува максималната позиција на сингл листата во Британија