Tuesday, July 17, 2012

R.I.P. JON LORD


"Никој од нас пред раѓањето, не се прашува да ли ќе се роди во овој или оној народ, од овие или оние родители, во овој или оној духовен амбиент. За тоа немаме ни заслуги ниту вина. Но да ли ќе живееме и ќе постапуваме како луѓе или нелуѓе, е тоа веќе зависи од нас.Тоа е оноа што ни дава вредност во очите на сите луѓе со добра волја. Да бидеме секаде и секогаш луѓе за да како такви за свои не признае Господ а не препознаваат претците не запознаваат современиците и не помнат поколенијата.



Кога човекот ќе се роди, сиот свет се радува, а
само тој плаче. Но треба да живее така, што кога
ќе умре, сиот свет да плаче, а само тој да се
радува."
/српскиот патријах Павле /


Минувале ветришта на промени, сознавања, созревања,технолошки напредок, надградба на идеи, вкусови, идоли, почитувачи и почитувани. Ако одвнатре умеете да ја чувствувате разликата кон подобро,ако умеете да патувате низ времето иако не сте магионичар, а секогаш цврсто вкотвени во сопственото, тогаш морате да умеете да ја препознаете бојата на неговиот хемонд, на неговиот мек, сигурен, елегантен допир по црно белите клавиши. Deep Purple беше Ritchie Blackmore, во многу Ian Gillan  и David Coverdale, и оваа или онаа ритам секција, но најмногу - беше тој.
Човек кој уште од старт им ја наметна сериозноста без оглед на трендот во кој се впуштија, хард рок со класика како дополнителна инспирација.

Jon Lord засекогаш ќе остане вбележан во историјата на популарната музика.Не само по долгиот период низ времето, туку и долго по него. Заедно со Rick Wakeman ( но и редица други моќни и влијателни клавијатуристи на седумдесетите), ќе биде стожерна вредност не само на Deep Purple, туку и сета подоцнежна непрегледна низа клавијатурно засновени групи, идеал на сите на неговата позиција во групата но и на оние кои седнувајки зад истородниот инструмент имајки ја императивно неговата личност пред себе како можен дострел, се обидуваат да го довтасаат. Препуштајки ја фронтменската позиција на други ( пеачи или гитаристи ) во групата со својот хемонд давајки им фантастична инспиративна подлога на импровизациите на останатите, само на мигови застанувајки под светлоста на рефлекторите, главен виновник е за впечатливоста на редицата безвременски песни на Deep Purple чиј коавторски потписник е и тој.
Затоа почивај во мир маѓепснику на црно белите полиња кој различноста на боите и тоновите ги претвори во едно: безвременска музичка ода.
Teнка е линијата помеѓу љубовта и омразата, но уште потенка е онаа помеѓу среќата и тагата.
Но нераскинлива е таквата помеѓу вербата и почитта. Онаа која го карактеризираше Jon Lord





No comments:

Post a Comment