Американскиот кантавтор Andrew Gold почина на 59 годишна возраст на трети јуни од срцев удар.Со кариера од речиси четири децении одбележана со големи хитови како Oh What A Lonely Boy, Thank You For Being A Friend, Never Let Her Slip Away, Final Frontier, останува забележан како значаен стожерник на поп музиката на седумдесетите и осумдесетите години.Потекнувајки од музичко семејство во кое мајка му Marni Nixon ги пеела вокалните делници за многу актерки во разни мјузикли и татко му Ernest Gold - кој е со Оскар награден композиотор, Andrew Gold се впушта во естрадните води во своите рани дваесети како член на групата Bryndle во која покрај него се Kenny Edwards, Karla Bonoff и Wendy Waldman. Во тој период ке одигра клучна улога во раната кариерата на пеачката Linda Ronstadt, свирејки на нејзините албуми за кои и пишувал музика, а и како член на нејзината придружна група во која ке бидат и некои од клучните членови на подоцнежните Eagles. Со само два Топ 40 хита во родната САД, и три такви во Англија и не остава впечаток на успешен автор-интерпретатор, но пишувал за многумина чии песни ке придонесат за популарноста на таканаречениот калифорнијски саунд во седумдесетите години, но и учествувал како музичар на неброени хитови на врвна галерија имиња како Art Garfunkel, Eric Carmen, Stephen Bishop, Cher, 10cc, Jackson Browne.
No comments:
Post a Comment