Sunday, June 19, 2011

AMY WINEHOUSE - ИМА ЛИ ПОГОЛЕМ БЛАМ ОД ОВА?


Имало и ќе има настрани естрадни ѕвезди.Некои стануваат такви, откако ќе станат тоа, а некои се такви и пред да дојдат до тој статус.Бламот на Amy Winehouse е неизбришлив, не само од насловите за нејзиниот настап, туку во очите на оние дваесетина илјади луѓе кои дојдоа да видат една исклучителна пеачка, знаејки за нејзините човечки настраности.За жал ги видоа вторите, но не и првото, заради кое и предимствено дошле.Но естрадните закономнерности, особено последниве триесетина години се толку ригорозни заради големиот бизнис кој се тркала, не дозволувајки ѕвездите кои носат пари, да излегуваат лесно од контрола. Кај Winehouse е нешто друго. И покрај тоа што носи пари, ја оставаат да ја турка својата приказна ( за која се има впечаток дека свесно и помагаат да биде што понегативна ), па до кога трае, нека трае. Но не знам колку може да трае ( и колку често низ светот се случува, не незадоволен дел, туку целосно присутната публика да исвиркува главна ѕвезда на некој настан ), приказната за " лошата вештерка", кога сите ја посакуваат Пепелашка и убавата принцеза. И Jim Morrison и Janis Joplin имале лоши сценски мигови, и Billy Holliday не била цвеќка но не верувам до толку, бидејки и во потсвест ја чувствувале одговорноста кон публиката. Но Amy нема ниту потсвест ниту свест.Чашата ја прелеа, и ништо веќе не може да ја спречи да падне од масата..и да се скрши.Не се ова емоции на гневен измамен во очекувањата посетител, туку реална веројатна разврска на приказната на "уличарка " која можеше да стане дама, барем во оние час и половина - два, додека и се пружа можноста да ја глуми. И да не беше Моby генерално тоа ќе беше промашена вечер по сите параметри.Но, можеби потсвесна причина за овој наплив на негативни размисли ( целоснои оправдани ), се првичните реакции на европската музичка јавност.За разлика од белградската која фрла дрвја и камења ( јас би фрлал шуми и брда ) првата реакција на BBC е дека" била пијана, дека не можела да пее, дека бендот се обидувал да ја извлече ситуацијата" , и главен миг во извештаите се дека " публиката била гневна особено што влезниците биле екстремно скапи ( 45 евра ) во една од НАЈСИРОМАШНИТЕ земји во Европа ( не може а да не го спомнат тоа, би рекол со задоволство ) и дека публиката оправдано била лута." Навидум, тоа е само патемна забелешка, но очигледно колку наивно ( или ми се чини ) се обидуваат да ја свртат ситуацијата во поинаква насока, бидејки ова е почеток на нејзината европска турнеа со 12 настапи ( следните распродадени во Истанбул и во Атина ), а што ако сличното се повтори?Што ако пак следниот биде ( со некаква ригорозна контрола) нормално изведен концерт, да ли изливите на воодушевување ке го избришат белградскиот срам? Да ли она што го направи во Дубаи ( истоветно како во Белград ) не било преупредување за сегашните констатации;" Тоа и се очекува од неа!"Зачудува и што големите светските агенции, речиси копираат една иста изјава и текст, без некој став, освен познатото дека била пијана и ја разлутила публиката.Но затоа коментарите на лугето кои биле ( или имале среќа да не бидат ), по разноразни блогови и видео клипови на You tube ја откриваат вистинската слика.Од овој текст : Замислете некои луѓе кои возеле десетина часови, платиле бензин, храна,хотел во Белград и влезница за да ја слушнат оваа "ороспија".Немам сожалување за неа како што ни таа нема за нејзината публика" до онаа на Моби на Твитер:"I don't know Amy Winehouse, but I sincerely hope that someone close to her can intervene and get her some help. Its truly heartbreaking.".
Најголеми губитници, без никаква вина се Авалон како организатори кои сигурен сум вложиле многу труд и напор да ја донесат наваму ( среќа не и во Скопје, а по Џо Кокер и не верувам дека веќе нешто ке се претргаат да носат некого наваму, со право ) и кои за оргиназација на сиот настан имаат висока оценка. Најголем виновник сепак е нејзиниот менаџмент, особено личниот менаџер кој и покрај нејзината состојба и дозволил да излезе и да го преживее сиот блам.Но со еден прашалник, дополнителен: каков менаџер е тој кој и покрај знаењето за нејзината состојба дозволил некој да и пријде толку блиску и да и овозможи толку алкохол ( сигурно не било шишенце ) а без да забележи дека толку се "флекосала" ?
Во секој случај, подолг пад, од успонот, и треба да заврши, и едното и другото.Заради лажните надежи, и нејзини и на оние кои ја сакаа нејзината музика.

1 comment:

  1. Zalosno no vistinito.Do kade e covekovata glupost ili do kade e covekovoto dostoinstvo.Dali lugeto okolu neze,nareceni menadzeri ili organizatori ziveat za eden den vo filmot narecen zivot ili ednostavno..."bidi popularen so momentot" toa se prasuvam i ne se somnevam mnogumina si go postavuvaat toa prasajne...No sepak 21 vek nekoj ke rece...DO KOGA COVECKITE VREDNOSTI ke bidat samo vo prikaznite ili...
    Zalosno,trogatelno...

    ReplyDelete