Иако за идни проекти веќе беше отпишан од најголем број свои приврзаници како самоволно пензиониран, изненадувајки ги сите, David Bowie се врати годинава со албумот Next day, негов седми Топ 10 албум во САД. И прв таков уште од 1983 (Let`s dance No 4 ) за да со последниот албум Next day со максималното второ место го надмине дотогашниот највисок пласман со албумот Station to station од 1976 но остварувајки и највисок тираж во првата недела (88.000) надминувајки го дотогашниот рекорден од 55.000 за албумот Heathen од 2002 со кој David Bowie беше максимално на No 14. Во Велика Британија Next day му е првиот албум кој доаѓа на првото место по пауза од дваесет години. Продолжувајки го интересот за неочекувано објавениот албум, кон крајот на 2013 Bowie го издава продолжението, односно дополнителното издание Next day extra, на три диска, оргиналното издание и дополнителниот диск со десет бонус песни како и третиот диск со видео записи за четири песни од двата диска. Стандардно, во првата недела на декември секоја година се соопштуваат Греми номинациите а David Bowie за својот последен албум доби три! Згора има ново, многу интересно видео за песната I'd Rather Be High.
No comments:
Post a Comment