Секоја година лаиците, (нека простат сите за кои можеби навредливо звучи наједноставното етикетирање) секој обичен човек за кого музиката е најчесто три минутно звучно парче од времето кое остава трага зад себе и ја влече со години, се прашуваат: Зошто е толку значајна таа битка за шампионската позиција во Велика Британија, токму во Божиќната недела? Деновиве прочитав повеќе статии на таа тема, но сите се сведуваат се чини на едно: можната најголема продажба, тираж кој овозможува извесна временска финансиска лагодност, можни ангажмани, продолжување на актуелноста и зголемување на популарноста.. Реков..ЕДНО?
Па, да! ПАРИ! А не била секогаш трката по првопласирана песна за Божиќ најзначајната, ниту пак од секогаш се пишувале пригодни божиќни песни. Додуша имало такви (White Chrystmas на Bing Crosby например), но дури од 1973 кога на првото место во В. Британија е пригодната песна Merry Xmas everybody на групата Slade, почнува лудилото наречено Шампион за Божиќ! Но таа пред Божиќна, пред новогодишна потрошувачка манија не остава време човек да подразмисли, за колкави пари станува збор кои тие неколку дена ќе се остават по касите на разни продажни центри. А уште помалку, да водите грижа колку пари се вртат во дискографскиот бизнис. До пред некои десетина години, купувањето било каков носач на звук беше еден од соодветните Божиќни подароци, но денес во време на дигитализација, тој ритуал денес е некако ..преисториски, иако сеуште со романтична назнака. Но само кус поглед, онака преку рамо, на податоците кои покажуваат за какви суми станува збор во тие недела две пред Божиќ во музичкиот свет, еден мал сегмент именуван како заработувачка од авторските права на емитувањето на најпопуларните божиќни песни. Верувале или не, спомнуваната Merry Xmas everybody на групата Slade досега во 2013-та на авторите Jimmy Lea и Noddy Holder членови на групата од емитувањето по било кој основ, и на било кое место им донело 512.000 фунти а до крај на годината (во празничното лудило) веројатно уште дополнителни 300.000 фунти. Жалосно во оваа приказна е што останатите двајца членови на групата Dave Hill и Don Powell (кои сеуште настапуваат во ретро круговите, не добиваат ниту БАНКА! Можеби затоа најилустративно звучи радосната изјава на пеачот на групата Troggs - Reg Presley (почина годинава во февруари), кога неговата песна Love is all around ( а снимена oд групата ), ја сними и групата Wet Wet Wet и со неа беше првопласирана 15 недели: "Фала Ти Боже, ме обезбеди мене, моите деца и нивните деца за години натаму!".
И така, Jimmy Lea и Noddy Holder секоја година, ни орале ни копале заработуваат најмалку по половина милион фунти (не смeтајки ги авторските права од дузината хитови меѓу кои и неколку првопласирани). Не се сите така среќни, например Liz Mitchell oд групата Boney M која за песната Marry`s boy child тврди дека сите пари од авторството одат кај нивната дискографска куќа (или нивните застапници), додека членовите добивале само седум насто. Некој ќе каже: "Подобро нешто отколку ништо".Особено ако и тоа НИШТО е НЕШТО во однос на многу други.
Листа на десетте најдобро платени Божиќни песни во 2013.Според заработувачката од авторските права.