Hold it against me на Britney Spears минатата недела во САД се продаде во 411.000 примероци, со што го надмина претходниот рекорд во категоријата "женски изведувач со најтиражна прва недела од објавувањето" кој го држеше Taylor Swift со синглот Today was a fairytale, продаден во 325.000 примероци пред една година, Ова е најтиражниот сингл на Britney Spears во категоријата продажба во една недела, надминувајки го најтиражниот Womanizer продаден во 303.000 копии во пред божиќната недела 2008. Но има уште нешто интересно: Hold it against me сега е четвртиот најпродаван сингл ( во првата недела ) во дигиталната историја. Најтиражниот е Right round на Flo Rida со 363.000 во февруари 2009, втор е Boom boom pow на Black Eyed Peas со 465.000 примероци во април 2009, и Crack a bottle на Eminem, Dr. Dre & 50 Cent со 418.000 продадени копии во февруари 2009. Hold it against me дебитираше директно на првото место на Billboard -
Hot 100 листата, во што таа успева по втор пат, повторувајки го успехот од октомври 2009 на синглот 3. Таа е само втор изведувач во 56 годишната историја на американската топ листа кој успеал во тоа. Првиот ( и поуспешниот ) е Mariah Carey која на три пати го освојувала американскиот музички врв во почетниот налет:со Fantasy во септември 1995, со One sweet day ( заедно со Boyz II Men) во декември 1995 и со Honey во септември 1997. Најголемиот број изведувачи кои дебитираат денес на првото место најчесто се речиси довчерашни таленти. Но Britney е долга низа години присутна на естрадата. Прв пат се искачува на врвната позиција во јануари 1999 година со првиот сингл Baby one more time (11 недели ) по кој уште со три е на врвот : Womanizer, ( 2 недели ), 3 и новиот Hold it against me. Но тој е веројатно ( сосема сигурно! ) и нејзиниот осми милионски дигитално тиражен сингл: Womanizer (3,114,000), Circus (2,763,000), 3 (2,049,000), Piece of me (1,668,000), Gimme more (1,627,000), Toxic (1,537,000) и If U seek Amy (1,175,000). Кога сум веќе кај повозрасните кои дебитирале на првото место во САД, а биле естрадни ѕвезди најмалку една деценија...Такви има само пет! Elton John беше ѕвезда веќе 27 години кога дебитираше на првото место 1997 со Candle in the wind 1997, Michael Jackson со таков статус беше веќе речиси 26 години кога во 1995 дојде директно на врвот со You are not alone. Aerosmith беа врвни изведувачи веќе 25 години кога дебитираа на првото место 1998 со I don't want to miss a thing. Eminem беше ѕвезда веќе12 години кога минатата година дојде на првото место од старт, со Not afraid. Whitney Houston десетина години беше интернационална ѕвезда кога дебитираше на врвот 1995 со Exhale (Shoop shoop song).
Синглот Hold it against me на Britney Spears минатата недела се продаде во речиси десет кратно поголем тираж од првопласираниот албум Showroom of compassion на групата Cake (44.000 ), што е најнискиот тираж со кој некој албум доаѓа на првото место во САД. Но тоа е посебна приказна која бара подетална анализа која довтасува доста време наназад.А што се однесува до новиот рекорд остварен од Britney - втор изведувач во историјата кој повеќе од еднаш директно дошол на првото место.. Во приказната е замешана и Celine Dion. Прв пат на врвот на Billboard Hot 100 листата доаѓа во февруари 1998 со My heart will go on (Love theme from Titanic) и потоа... во декември 1998 со I'm your angel ( заедно со R. Kelly). Но Billboard не и го брои како таков овој хит, ( тие имаат право да го менуваат системот на вреднување ) бидејки токму таа недела ја менуваат методологијата според која и не класични сингл изданиа ( радијски емитувана песна ) можат да дојдат на топ листата ( дотогаш тоа можеа само официелните ), а како синглот на Celine Dion бил претходната тест недела на листата, токму во преодната недела на овие драстични промени доаѓа на врвот, не се смета како директен влез. Инаку овие правила на Billboard се толку сложени што без оглед колку долго човек се занимава со нивното проучување, секогаш има детали кои збунуваат и ве враќаат наназад на некои појдовни точки на проверки...без многу шанси дека во следниот обид ќе стасате подалеку од претходниот пат.
И сосема за крај: во текстот на песната Hold it against me, има еден стих кој оргинално оди вака: "If I said I want your body now / would you hold it against me." Кој може ( а и не мора ) да е позајмен од насловот на првопласираниот кантри хит и Топ 40 сингл на Hot 100 листата на Bellamy Brothers од 1979 - If I Said You Have A Beautiful body would you hold It against me...Иако е далеку од најдобрите денови кога со најсилниот ( физички ) адут ги збудале американците ( а и светот пошироко ), сеуште е во ситуација да одговори на поставеното прашање со:ДА!